Skip to main content

Изложбата „Внатрешна градина“ на романската сликарка Емилиа Персу наскоро во Охрид

Во петок триесетти јуни во 20 часот во Галерија Робевци ќе биде отворена изложбата „Внатрешна градина“ на ликовниот уметник и дел од авангардната генерација на уметници од Романија, Емилиа Персу.

 |   | 

После пауза од шест години, ликовните дела на романската сликарка Емилиа Персу, повторно во Охрид. Овој петок триесетти јуни во 20 часот во Галерија Робевци ќе биде отворена изложбата „Внатрешна градина“ на ликовниот уметник и дел од авангардната генерација на уметници од Романија, Емилиа Персу. На изложбата ќе биде преставен најновиот циклус дела на авторот изработени на платно во комбинирана техника. Инаку Емилиа Персу е ликовен уметник, сликар, и претседател на графичкиот отсек во Друштвото на ликовни уметници на Романија.

Родена е на 21 февруари 1963 година , Букурешт, Романија, а дипломирала на Факултетот за Ликовни Уметности, отсек сликарство,Букурешт,Романија.

Од 1998 година е член на Унијата на Ликовни Уметници ,Букурешт,Романија Член на ХАР Фондацијата ,Букурешт,Романија Член на Графичката асоцијација ,Будимпешта,Унгарија Уметнички директор на фестивалот “Притемп де поетс “.

За прв пат пред охриѓани се претставува во 2011-та година со изложбата “Постмодерен Левант”. Нејзините дела љубителите на ликовната уметност имале можност да ги видат и во голем број од европските земји, а со своите уметнички опуси учествувала и на голем број, кампови, фестивали и симпозиуми, како во Ирак, Инидија и Мароко, па се до Санкт Петерзбург во Русија.