Skip to main content

Стефан Марковски добитник на наградата „Крсте Чачански“

Наградата „Крсте Чачански“ за необјавена книга раскази, годинава ја доби  ракописот „Смртта долетува насмевната“ на Стефан Марковски. Седми пат наградата ја доделуваат Културниот центар „Бран“ и Ревијата за книжевност „Бранувања“ од Струга.

 |   | 

По објавениот Конкурс што го распиша Културниот центар „Бран“ од Струга и Ревијата за книжевност „Бранувања“, жирито за доделување на наградата „Крсте Чачански“ за 2017-та година едногласно одлучи наградата да ја додели на збирката раскази „Смртта долетува насмевната“ од Стефан Марковски. Од жирито велат дека Триесетте кратки раскази од збирката „Смртта долетува насмевната“ од Стефан Марковски преку комичност, упростеност и хетерогеност од раскажувачки стилови и фабули се исполнети со впечатливи ликови, разговори и настани со возбудливи и постојани пресврти. Наградата на Марковски ќе му биде врачена на 7 јули во спомен-куќата на Миладиновци, во 12:00 часот во Струга во рамки на меѓународната манифестација „Струшки книжевни средби – 2017“.