Skip to main content

Ураганот „Марија“ остава пустош зад себе

Ураганот од петта категорија, Марија, се движи кон Порторико и Девствените острови, откако претходно со својата разорна моќ го уништи малиот карипски остров Доминика, соопшти американскиот Национален центар за урагани.

 |   | 

Се предвидува дека Марија ќе остане ураган од опасна четврта или петта категорија додека поминува покрај или преку Девствените острови и Порторико. Истовремено, ураганот Хосе ослабна и премина во тропска бура, но се проценува дека тој се уште може да нанесе штета на американскиот источен брег. Гувернерот на Порторико, Рикардо Росело, каде веќе почнаа обилни врнежи од дожд, предупреди дека Марија би можела да го погоди островот со таква сила и разорување, какво досега не е видено со децении. Властите ги предупредија жителите кои живеат во дрвени куќи или слаби конструкции, да пронајдат посигурни засолништа.

Според досегашните информации, едно лице загинало на францускиот остров Гваделуп, кога врз него паднало дрво. Исчезнати се и две други лица, откако нивниот брод потонал кај најисточниот остров во архипелагот на француска територија, Ла Дезирад, кој е под управа на Гвадалуп.