Skip to main content

Надминати проблемите околу изградбата на автопатот Охрид-Кичево

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, оствари средба со aмбасадорката на Народна Република Кина, Јин Ликсијан.

 |   | 

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, имал средба со амбасадорката на Кина во земјава, Јин Ликсиан, на која било разговарано и за изградбата на двете делници на автопатиштата кои ги изведува кинеската компанија „Синохидро“ и се финансирани од заемот од кинеската „Ексим банка“.Тема на разговор беа и двете делници на автопатите што ги изведува кинеската компанија „Синохидро“ и се финансирани со заемот од кинеската Ексим банка.

„Инфраструктурните проекти се од особена важност за унапредување на конкурентноста на македонските компании и Владата ќе се посвети на реализација на вакви проекти. Со Законот за изменувањето и дополнувањето на Законот за реализација на инфраструктурните проекти за изградба на автопатите Миладиновци-Штип и на Кичево-Охрид се надминаа проблемите и изнајдовме компромисно решение кое ќе овозможи продолжување и комплетирање на започнатите работи.

Делниците се важни за компаниите во источниот и западниот дел на Македонија заради поквалитетен, побрз и побезбеден транспорт на луѓе и стоки. Компаниите ќе бидат поконкурентни, со што ќе се придонесе до локален и регионален економски развој, но и раст на економијата на државата“, потенцира вицепремиерот.

Во врска со економската размена меѓу двете земји, Анѓушев истакнал дека земјава ќе продолжи со наоѓање решенија, производите и услугите на македонските компани да се пласираат на кинескиот пазар, кој е со неограничен потенцијал за соработка.