Skip to main content

Во Охрид ќе се одржи Фестивалот на новиот германски филм

Фестивалот кој се одржува по 13-ти пат, овој пат од 7-10 октомври е константа во културниот живот на македонскиот главен град и уште девет градови во внатрешноста на земјата.

 |   | 

Фестивалот кој се одржува по 13-ти пат, овој пат од 7-10 октомври е константа во културниот живот на македонскиот главен град и уште девет градови во внатрешноста на земјата.

– Светот, се чини, се врти се` побрзо, напливот на информации едвај ни дава да земеме здив, на денешниот човек со многу контакти и социјални мрежи му останува само уште време за видеа на YouTube. Дали е навистина така? Филмскиот фестивал на Амбасадата докажува дека германскиот филм живее и дека интересот за „големото кино“ не стивнува, истакна Томас Н. Герберих, Амбасадор на Сојузна Република Германија.

Во рамките на фестивалот, во ЦК „Григор Прличев“ во Охрид ќе бидат прикажани филмовите:

– „Чик“ (комедија/драма) на 07.10.2017 година со почеток во 20:00 часот

– „Тони Ердман“ (трагикомедија) на 08.10.2017 година со почеток во 20:00 часот

– „Авантурата на Нели“ (детски филм) на 09.10.2017 година со почеток во 13:00 часот