Skip to main content

Тајфунот „Лан“ го истури својот гнев врз Јапонија

Пет лица загинаа, а 85 беа повредени како резултат на тајфунот „Лан“ кој ја погоди Јапонија. Загинатите се жртви на лизгање на земјиштето и поплави, како и паѓање на објекти, информира ТАСС.

 |   | 

Пет лица загинаа, а 85 беа повредени како резултат на тајфунот „Лан“ кој ја погоди Јапонија. Загинатите се жртви на лизгање на земјиштето и поплави, како и паѓање на објекти, информира ТАСС.

Денес повеќе од 81.000 жители на јапонската префектура Фукушима во североисточниот дел на Хоншу добија наредба за евакуација поради опасност од поплави предизвикани од силните врнежи.

Локалната администрација го повика населението во екстремни случаи да излезе на покривите на куќите и да чека за помош. Спасувачките екипи на чамци се испраќаат во поплавените области. Во некои случаи, луѓето се спасени од покривите на куќите со хеликоптери.

Во значителен дел од територијата на Јапонија продолжуваат дождовите што ги носи тајфунот. Повеќе од 800 мм врнежи паднаа во текот на изминатите 72 часа на полуостровот Ки на Хоншу.

Во моментот се обновува движењето на возовите, а аеродромите се враќаат во нормална работа.