Skip to main content

Уште еден успешен настап на младите јуниорки од стрелачкиот клуб „Охрид“

На меѓународниот Турнир Пирин 2017  што се одржа од 1-4.11.2017 год. во Благоевград, Р.Бугарија, учество зедоа повеќе клубови од Бугарија и Македонија, со речиси стотина стрелци во сите категории и дисциплини, но воедно тука настапија и познати олимпијци, со што на овај Турнир му дадоа посебна јачина.

 |   | 

На меѓународниот Турнир Пирин 2017 што се одржа од 1-4.11.2017 год. во Благоевград, Р.Бугарија, учество зедоа повеќе клубови од Бугарија и Македонија, со речиси стотина стрелци во сите категории и дисциплини, но воедно тука настапија и познати олимпијци, со што на овај Турнир му дадоа посебна јачина.

Стрелачкиот клуб „Охрид“ настапи со 6 свои натпреварувачи, од кои за 3-ца од нив ова е прв настап на меѓународен план и воопшто на пушка-меѓународна програма.Во пласманот моравме да се задоволиме со една медаља, за освоено второ место, а која и припадна на Анастасија Мојсовска со резултат од 401,3 кругови, во категорија млади јуниорки (до 15 год).

Нејзината клупска другарка, Јована Милевска, која до последната серија беше на третата позиција, не успеа да се закити со медал, но го заврши натпреварот како четвртопласирана со резултат од високи 391,3 кругови, што воедно претставува нејзин личен рекорд и подобрување за 15-тина кругови во однос на изминатите натпревари, и нормално ова беше нашето најголемо изненадување. Во истата категорија, Мартина Кочовска се пласира на седмата позиција со резултат од 372.2 кругови, а младата јуниорка која има само 13 години и која за првпат настапува на вакво натпреварување-Марија Ангеловска постигна резултат од 367.5 пласирајки се на 9-тата позиција. Ива Маленко за која истотака ова беше прв настап, заврши како 10-то пласирана со резултат од 332.6 кругови.Во категорија на млади јуниори пак, прв настап и за Бојан Спасеновски кој се пласира на 6-тата позиција со резултат од 344, 7 кругови. До крајот на натпреварувачката сезона преостануваат уште два Купа и два многу силни меѓународни Турнири во Смедерево и Белград, но нашиот клуб веќе доби покани за учество на Турнири во Пловдив, Софија и Стара Загора.