Skip to main content

Виртуозите Божидар Димитиревиќ и Елена Јанеска со злато од најтешкиот турнир “Бугарија Опен 2017”

Теквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид овај викенд учествуваше на најтешкиот А класа меѓународен теквондо ИТФ турнир во Благоевград “БУГАРИЈА ОПЕН 2017”.

 |   | 

Теквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид овај викенд учествуваше на најтешкиот А класа меѓународен теквондо ИТФ турнир во Благоевград “БУГАРИЈА ОПЕН 2017”.

На овај најпрестижен турнир учество зедоа околу 500 натпреварувачи од 56 клубови од 17 земји од Европа.

“ХВА РАНГ ИТФ” настапи со 9 натпреварувачи , кои натпреаваруваа спаринг-борби поединечно, но поради немање на доволен број натпреварувачи и поради повреда на некој од натпреварувачите за екипен настап беа позајмени Божидар Димитриевиќ и Елена Јанеска во други екипи.

Елена Јанеска настапи за екипата од Словенија , која беше составена од 3 Словенки една од Чешка и нашата Елена која е една од најзаслужните што нивната екипа се искачи највисоко на пиедесталот и со тоа се закити со златен медал екипно.

Божидар Димитриевиќ настапи за екипата од клубот Асеновец, кои беа како екипа аутсајдери и влегоа колку да си ја испробаат среќата во екипно, и го прифатија нашиот Божидар со резерва, но Божидар кој претходно го освои златото во негова категорија, во маестрален начин ги совлада сите негови противници без ниту еден пораз и со атрактивни техники го однесе тимот на Асеновец до финале, во финалната борба против тимот на домаќините , противникот штом го виде Божидар веднаш ја предаде борбата, додека другите натпреварувачи од тимот на Божидар дадоа се од себе, но победија за жал судиите и првото место му го дадоја на домашната екипа. Но за екипата од Асеновец и за публиката Божидар Димитриевиќ беше нивниот херој, што сите громогласно навиваа за него.

Се на се од овај најтежок турнир се вративме со 5 медали, што посебно ни се драги пошто на “БУГАРИЈА ОПЕН” е исто какода сме зеле и на европско првенство. Секако не би имале прилика да доживееме вакви невероватни моменти ако не беше нашиот генерален спонзор
“ПН МЕТАЛ”, кој верно не подржуба на секој настан и кориситме да изразиме најголема благодарност до нив.

Освојувачи на медали се:

Божидар Димитриевиќ
-1 место злато –спаринг борби деца 12-13 години +65 кг.
-2 место сребро -спаринг екипно
Елен Јанеска
-3 место бронза –спаринг борби девојчиња 10-11 години -55 кг.
-1 место злато -спаринг екипно
Христијан Митрески
-2 место сребро –спаринг борби јуниори 14-15 години -70 кг.