Skip to main content

Наскоро, најновата театарска претстава на Охридскиот народен театар „БААЛ“

Најновата претстава на Охридскиот народен татар „БААЛ“ работена според истоименото дело на Бертолд Брехт, својата претпремиера ќе ја има овој понеделник 4-ти декември во 20:00 часот. Премиерата е веќе наредниот ден 5-ти декември во 20:00 часот.

 |   | 

Најновата претстава на Охридскиот народен татар „БААЛ“ работена според истоименото дело на Бертолд Брехт, својата претпремиера ќе ја има овој понеделник 4-ти декември во 20:00 часот. Премиерата е веќе наредниот ден 5-ти декември во 20:00 часот.

Билетите за двете претстави се веќе пуштени во продажба, по цени од 200 денари за претпремиера и 300 денари за Премиера.

Претставата БААЛ е во режија на Андреј Цветановски, кој за своето ново театарско остварување ќе рече:

„Нашиот Баал е приказна за борбата на поединецот со маските на општеството, битка со лицемерието и лажните морални вредности, но и дуел со самиот себе си, со својот внатрешен глас, со сите разговори со својата совест 5 минути пред да си легнеме. Конфликтот на најголемиот антијунак со својот човек во себе, судирот меѓу нагонот и рациото на отфрлениот во општеството“.

Сценографијата на претставата ја изработи Сергеј Светозарев, костимографијата ја потпишува Милена Пантелеева, музички композитор е Димитар Андоновски, а дизајнот на светлото е на Милчо Александров.

Во претставата играат: Горан Стојаноски
Никола Тодороски
Јасмина Билаловиќ
Адријана Билаловиќ Тодороска
Дамјан Цветановски
Стрезо Стаматовски
Биљана Билаловиќ Вељаноска
Павел Маслов
Филип Кипровски
Тони Денковски

Сценографија: Сергеј Светозарев
Костими: Милена Пантелеева
Музика: Димитар Андоновски
Дизајн на светло: Милчо Александров
Инспициент: Филип Ангеличин – Жура
Асистент на режија: Ѓорѓи Ризески