Skip to main content

Железничарите си ги бараат платите, сообраќајот во прекин

Од вчера наутро железничкиот товарен сообраќај во Македонија е во целосен прекин, а од полноќ и железничкиот патнички сообраќај. Вработените во МЖ Транспорт АД Скопје се во штрајк незадоволни од доцнењето на вториот дел од платата за октомври.

 |   | 

МЖ Транспорт АД Скопје вчера соопшти дека железничкиот товарен сообраќај е во целосен прекин од вчера во 7,30 часот, а железничкиот патнички сообраќај од станица Скопје Патничка се одвиваше до полноќ.

Претставници на машинскиот персонал велат дека прекинот на железничкиот сообраќај ќе трае до исполнување на поставеното барање – исплата и на ноемвриската плата до 25-ти декември.