Skip to main content

Прв роденден на игротеката „Вања“

Цела една година, игротеката „Вања“ сместена во трговско забавниот центар Вилиџ Вања Камчев – Охрид, престојот на своите најважни клиенти децата го претвара во незаборавни спомени исполнети со среќа и забава.

 |   | 

Цела една година, игротеката „Вања“ сместена во трговско забавниот центар Вилиџ Вања Камчев – Охрид, престојот на своите најважни клиенти децата го претвара во незаборавни спомени исполнети со среќа и забава.

Со околу 500 организирани родендени, учества на разни настани, преку 15.000 посетители месец септември ќе биде во знакот на првиот роденден на игротеката „Вања“ во Охрид. По тој повод, цел месец во игротеката „Вања“ ќе има 20% за роденденските забави, а на  20-ти септември ќе го прослави својот прв роденден кој ќе биде исполнет со забава, музика, детски игри, популарни Дизни ликови, а секако нема да ја изостават и роденденската торта.

Во текот на месец септември во игротеката Вања ќе се организираат повеќе настани од натпреварувачки карактер за најмладите, при што најталентираните ќе добијат и вредни награди – 30 ваучери за бесплатен престој во игротеката и многу други подароци и изненадувања.
Игротеката која е современо опремена се протега на 800 м2 и располага со модерни реквизити кои на децата им овозможуваат пријатни, забавни и незаборавни моменти кои долго се памтетат.

Секако, сите посетители ќе имаат на располагање избор од менито и пијалоците од менито на Бистро Вилиџ кој со својот професионален тим ќе помогне атмосферата на посетителите да биде уште попријатна со највкусните оброци по најниски цени.
Наша најголема награда се веселите детски лица и широки насмевки кои децата ни ги подаруваат секојдневно како благодарност за нашите залагања, велат од комплексот Вилиџ Вања Камчев – Охрид.