Skip to main content

Промоција на хорор романот „Бел демон“

Во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ утре – петок  во 12 часот во „Прличевата одаја“ќе биде промовиран  романот „Бел демон“ од Славко Илоски од Струга.

 |   | 

Во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ утре – петок  во 12 часот во „Прличевата одаја“ќе биде промовиран  романот „Бел демон“ од Славко Илоски од Струга.

Според промоторот  – писателот Тоде Илиески, се работи за успешна  дебитантска објава на Илоски од жанрот – хорор, ретко застапен на овие простори.

Романот „Бел демон“е приказна за темната страна на животот и за лавиринтот од кој тешко се излегува.