Skip to main content

Привршуваат подговотвките за второто издание на Drim Short 2018

Фестивалот годинава добива интернационален карактер, со вклучување на регионална програма ис тудентска програма кои пред публиката ќе претстават кратки филмски остварувања од регионот.

 |   | 

Привршуваат подговотвките за второто издание на Drim Short 2018 ,фестивалот на краток филм кој  во периодот од 12 до 14 октомври ќе се одржи во Струга. Лидија Мојсоска од организацијата вели дека и овој пат намерата е да додадат свежи бои на есенската културна понуда во градот, преку диверзитетна програма на повеќе од триесет кратки филмски наслови.  Ползувајќи ја универзалноста на филмскиот јазик и комуникацијата со публиката, под мотото „Еден јазик, илјада приказни“ намерата е и оваа година да се доближи кратката филмска форма до публиката, да се зајакне филмската култура во градот, а се со цел Струга да стане регионално филмско јадро за  филмските уметници од Македонија и регионот.

„Она на што годинава ќе се фокусираме е студентската прогама, но и студентите. Тоа значи дека ќе имаме и студентски пичинг форум, каде студентите ќе имаат можност да се претстават со своите кратки идеи за кратки филмски сценарија. И од пет избрани ќе се избере еден на којн ќе му биде доделена симболична парична награда како мотивација за младиот сценарист за понатамошната работа“ вели Лидија Мојсоска -организација Drim Short Film Festival.

Фестивалот годинава добива интернационален карактер, со вклучување на регионална програма, која ќе ни претстави кратки филмски остварувања од регионот.Проекциите ќе се одржуваат во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“  Исто така годинава учесниците и публиката на фестивалот ќе уживаат во офф програмата која пред се ќе донесе добра музика.

„Во рамки на фестивалот предвидена е офф програма, афтер парти со македонски диџеи. Лани ги Имавме Бодан Јамакоски и Душко Јанески се покажа како доста успешен настан доста посетен така да оваа година продолжуваме исто така, местот е „Хангар“, журките започнуваат после проекциите, некаде после полноќ, до сабајле“ објаснува Никола Матоски – -организација Drim Short Film Festival.

Фестивалот на краток филм Drim Short 2018 е под капа на здружение ИНКА-Струга, овозможен со поддршка од Министерство за култура на Република Македонија и Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, а во рамките на проектот „Нов Културен Бран“ и Фондацијата Oтворено Oпштество Македонија (ФООМ).