Skip to main content

„Билјанини Извори” домаќин на спортските игри на „PriceWaterHouseCoopers“

Охрид и Спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори” се домаќини на уште еден голем рекреативен спортски настан во организација на
кунсултантската куќа ПрајсвотерхаусКуперс.

 |   | 

Охрид и Спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори” се домаќини на уште еден голем рекреативен спортски настан во организација на
кунсултантската куќа ПрајсвотерхаусКуперс.

600 учесници од 26 држави од Европа и Канада се гости на Охрид и Македонија. 32 тимови во машка и 19 вo женска конкуренција се дел од фудбалскиот турнир кој е традиционален и се организира еднаш годишно за  потребите на вработените во компанијата.

Македонија и Охрид се за прв пат домаќини така што се надеваме декавпечатоците на сите учесници ќе бидат позитивни и афирмативни за нас,за нашиот град и држава. Овој голем спортски настан организиран надвор од летната сезона закупува голем број на хотелски капацитети што уште еднаш докажува дека поддршката и интересот во развојот на спортската инфраструктура во Охрид е од интерес на сите нас.