Skip to main content

Апелација ја потврди двегодишната затворска казна за експремиерот Никола Груевски за случајот „Тенк“

Затворот е политички прогон, изјави експремиерот Никола Груевски по соопштувањето на одлуката на Апелациониот суд со која му се потврдува двегодишната затворска казна за случајот „Тенк”.

 |   | 

Затворот е политички прогон, изјави експремиерот Никола Груевски по соопштувањето на одлуката на Апелациониот суд со која му се потврдува двегодишната затворска казна за случајот „Тенк”.

Ова е класичен политички прогон. Ќе ги искористам сите правни лекови кои ми стојат на располагање. Овде нема потреба од нови докази затоа што веќе има многу докази за овој случај. Според обвинението, ме гонат дека сум влијаел да се купи возило во кое покрај другите требало да се возам и јас“, изјави Груевски.
Во врска со гласањето во Собрание за Договорот со Грција дали можеби Груевски ќе се одлучи да гласа за уставни промени за на некој начин да се спаси од затвор, тој одговори дека нема да гласа и нема да го изневери народот.

Нема да гласам за уставни промени и нема да ги поддржам истите. Јас немам намера да го изневерам народот“, изјави Груевски.
Груевски соопштението на Апелација го дочека во судница додека ги слушаше бомбите во ,,Титаник”.

Сега, пресудата од Апелација за овој предмет ќе се процесуира во АКМИС – електронскиот систем за процесуирање на предмети ќе биде распределен на судија за извршување санкции за натамошно постапување. Одредениот судија во рок од 8 дена треба да ги собере документите и да изготви упатен акт кој ќе му биде испратен и лично треба да го добие Груевски. Во упатниот акт ќе биде напишан датумотт кога Груевски ќе треба доброволно да се јави во затвор. Доколку не се јави ќе биде приведен.

Но, постојат 8 причини според законот кои осуденикот може да ги искористи за да му се одложи почетокот на издржување казна затвор, меѓу кои ако е болен од акутна болест, ако се случила смрт во потесното семејство, заради завршување на училишна година итн…