Skip to main content

На македонците не им недостига самодоверба

Викендов во Охрид пред 250 присутни гости, своите животни искуства преку кои стекнале висок степен на самодоверба ги споделија хирургот, д-р Мирко Лекоски, Сефер Цаноски од Универзитетот ФОН и домаќинот на семинарот за самодоверба и сопственик на Европскиот институт за менаџмент право и дипломатија, проф. д-р Зендел Абедин Шехи.

 |   | 

Македонија е вистински расадник на интелегентни млади луѓе, луѓе со совршена визија за нивната иднина. Но потребна е работа. Младите македонци треба да се соочат со своите стравови и никогаш ама баш никогаш да не се сомневаат во сопствените сништа, но и никоаш да не ги исмеваат сништата и визиите на своите сограѓани, упати порака, проф. д-р Зендел Абедин Шехи сопственик на Европскиот институт за менаџмент право и дипломатија.

Проф. д-р Шехи истакна дека самодовербата лесно се препознава, дека тоа е оној момент кога ние почнуваме да се бориме секој нов ден да бидеме подобри луѓе. Да не се чувствуваме слаби, туку да го најдеме своето место во светот како нешто единствено.

Шехи пред присутните исто така објасни дека тенка е линијата меѓу самодовербата и егоизмот. Живееме во време кога забораваме на основните човекови вредности, кога ја губиме емпатијата, сочувството кон оние кои не опкружуваат со цел да постигниме нешто. Самодовербата сама по себе мора да содржи емпатија и сочуство, додаде тој.

Во името на Општина Охрид присутните и организаторите ги поздрав претседателката на советот Живка Анеглоска. Семинарот се одржа во хотелот „Unique“ во Охрид, а генерален спонзор на настанот беше охридската туристичка агенција „Венус Травел“.