Skip to main content

Марко Брецељ и Меѓународна школа за весели непријатности

Денес и утре  во Охрид ни гостува словенечкиот уметник Марко Брецељ со неговата Меѓународна школа за весели непријатности. Станува збор за дел од проектот ”Работилници на Меѓународната школа за весели непријатности“ и мини-турнеја на претставата „Против демократијата” на Здружението на уметници Културен центар Медиа Артес, поддржан во рамки на манифестацијата Нов културен бран 2018.

 |   | 

Еден од најзначајните словенчки изведувачи и кантавтори во псоледниве 30 години во Охрид. Преку проектот ”Работилници на Меѓународната школа за весели непријатности“ и мини-турнеја на претставата „Против демократијата” , Марко Брецељ ќе се претстави пред охридскиот аудиториум. Ексцентрик и анархист со чуден смисол за хумор, врз чие творештво големо влијание имале добро познатите мајтапења на Френк Запа.

„Тука сум на покана на херцеговачко-македонските партизани, патот ми го плати „кикирики“ инвеститорска организација на Владата на РМ. Тоа што јас го права, вели Марко Брецељ – уметник.

За време на 90тите влегува во политиката со својот концепт на т.н. “мек тероризам” (како што самиот ги нарекува своите ангажирани уметнички акции) но никогаш досега не успеал да биде избран за градоначалник на општината Копер на локалните избори.

Инаку во охрид во рамки на програмата ќе се одржат проекции на филмот “Обредно дарување”  и на наградуваниот документарен филм за Марко Брецељ “Паразит во години“, потоа најавени се уметнички интервенции во јавен простор, перформанси и весели претставувања, на повеќе локации низ градот. Најавена е и работилница насловена “Како ништо да не било” како и разговори со најистрајните за идните можни акции на Школата.