Skip to main content

Екипата на „Фаворити“ триумфираше на овогодинешниот турнир во баскет 3х3

Екипата на „Фаворити“ триумфираше на овогодинешниот турнир во Баскет 3х3 кој се одржа во изминатите месец дена во организација на ЈП Билјанин а по повод празникот 7 ноември.

 |   | 

Екипата на „Фаворити“ триумфираше на овогодинешниот турнир во Баскет 3х3 кој се одржа во изминатите месец дена во организација на ЈП Билјанин а по повод празникот 7 ноември.

Екипата составена од Петар и Васко Бојоски, Јован Николоски и Марјан Бошалески во  саботното финалето со 15-6 ја совладаа екипата на Ноа. Во полуфиналните пресметки Фаворити подобри беа од Ликвид (15-10), додека тимот на Ноа поуспешен беше од Дента Медика (9-6). Во битката за трето место славеше Ликвид кој со 14-8 победи против Дента Медика.

Во шутирањето на тројки најдобар беше Марјан Бошалески (Фаворити) кој прецизно уфрли десет тројки. Вкупниот награден фонд на турнирот
изнесуваше 22 000 денари, а имаше и медали за најдобрите. ЈП Билјанини Извори им се заблагодарува на сите поддржувачи и соработници
во реализацијата на турнирот и најавува за наредното трето издание многу новитети како за учесниците така и за самите посетители.