Skip to main content

Охридскиот народен театар викендов со нова премиера

На 10-ти ноември, на малата сцена во Центарот за култура „Григор Прличев“, со почеток во 20.00 часот, публиката ќе може да ужива во тетарската игра на делото „Метод” од Жорди Галсеран.

 |   | 

На 10-ти ноември, на малата сцена во Центарот за култура „Григор Прличев“, со почеток во 20.00 часот, публиката ќе може да ужива во тетарската игра на делото „Метод” од Жорди Галсеран. Билетите за премиерата чинат 300 денари. Претпремиерата е на 9-ти ноември, во 20.00 часот. Билетите за претпремиерата чинат 200 денари, а собраните средства од предпремиерата ќе бидат донирани за помош на Сара Настеска на која и е потребна трансплантација на коскена срж.

„Метод” од Жорди Галсеран е приказна што се случува сега, на илјадници места. Во неа се зборува за новиот свет полн со замки, трикови и големи очекувања. Свет во кој се е на дофат ако се плати вистинската цена. Тука човечките чувства се валута со која најлесно се тргува.

Оваа претстава зборува за последното интервју на финалните четри кандидати за висока позиција во голема интернационалана компанија. Во оваа приказна, преку интриганта сатира кон модерното сфаќање на капитализмот и општеството воопшто, се анализира природата на човекот. Концептот го поставува човекот во инфериорна позиција во однос на “големата слика” и го поставува прашањето колку голема е всушност “големата слика”? – вели режисерката Стеријовска.

Во претставата играат Стрезо Стаматовски, Ивица Цонев, Елизабета Стефановска и Јаков Спасов. Идејно решение за сценографија Стефан Спировски, а костимографијата е на Ана Кркулеска Попоска. Изборот на музика го направи Ирена Стеријовска, а композитор на темата “Tango Mastergame” е Ермаљ Мехмети.