Skip to main content

ВЕЧЕРВА ПРЕТПРЕМИЕРА НА ТРИЛЕР ПРЕТСТАВАТА „МЕТОД“

Вечерва, на малата сцена во Центарот за култура „Григор Прличев“, со почеток во 20.00 часот, публиката ќе може да ужива во претпремиерата на театрската игра на делото „Метод” од Жорди Галсеран.

 |   | 

Во новиот свет полн со замки, трикови и големи очекувања, во кој човечките чувства се валута со која најлесно се тргува, последното интервју на финалните четри кандидати за висока позиција во голема интернационалана компанија, прераснува во вистинска театарска трилер приказна. Ова е премисата на премиерата на претсавата „Метод” на современиот каталонскиот автор Жорди Галсеран. Ова е текст кој за првпат се игра во Македонија и е еден од најпоставуваните текстови во неколку европски земји. Станува збор за обработка на тема која третира безвременскиегзистенцијални прашања, истакна директорот на Охридскиот народен театар Стрезо Стаматоски.

„Ја молам публиката која што ќе ја гледа претставата вечерва како препремиерна изведба и утрешната претприера, ја замолувам публиката, да ги задржи иформациите за претставата за себе, затоа што ако на некого му го кажеш крајот на книгата, не е интересна книгата, така да секој може да ужива, мислам дека тоа треба да ги имаме како еден фер договор со самата публика“, рече Стрезо Стаматоски -иректорот на Охридскиот народен театар.

Ирена Стеријовска, режисерот на преставата, вели дека оваа претстава го поставува прашањето, што вусшност носи ова модерно време на неолиберализмот и капитализмот.

„Во овој интензивен трилер покрај брзите заплети и трикови на авторот во развивањето на дејството, се поставува прашањето, „Кој кого гради? Дали ние луѓето го градиме системот или системот не оформува нас“, објасни Ирена Стеријоска – режисер.

Актерот Ивица Цонев го игра ликот на Фернандо, лик кој, пред се е производ на капиталистичкото уредување, во кое лицемерието е универзален клуч за социјално поведение.

„Недостатокот на обзири е станат утврден начин на поведение, каде алчноста е еединствениот мотив за благосостојба, каде егоистичноста заљубеност е прифатена како највисока форма на духовната содржајност на човекот, а искрените  емоции се прифатени како слабост“ кажа Ивица Цонев – Актер.

Актерката Елизабета Стефановска го толкува ликот на Мерцедес Дега, женски лик кој се сместена во машкиот свет, решена да победи по секоја цедна.

„За мене беше вистински предизвик да го играм овој лик за кој нема многу информации во текстот, туку ние заедно со режисерката ги наоѓавме и ги акцентиравме и мислам дека бидејќи прв пат се поставува претстават во Македонија откако ќе ја гледаат, ќе сакаат да ја играат Мерцедес“ објасни, Елизабета Стефановска – актер.

Во претставата играат Стрезо Стаматовски, Ивица Цонев, Елизабета Стефановска и Јаков Спасов. Режијата и изборот на музика е на Ирена Стеријовска, а идејно решение за сценографијата на Стефан Спировски. Костимографијата е на Ана Кркулеска Попоска, а композитор на темата “Tango Mastergame” е Ермаљ Мехмети. павата за изведба на „Метод“ ги има Охридскиот народен театар, а можност да ја погледне ќе ја има публиката и во другите градови од Македонија.Собраните средства од предпремиерата ќе бидат донирани за помош на младата Сара Настеска. Утревечер пак во истото време на малата сцена ќе биде поставена премиерата на премиерата.