Skip to main content

Викендов во Охрид хуманитарен концерт на врвните руски уметници Синчук и Науменко

Директорката на Националната установа фестивал „Охридско лето“, Наташа Поповиќ, вo недела, на 11 ноември во црквата „Света Софија“  со почеток во 19 часот ќе организира хуманитарен концерт на класична музика со врвните руски уметници пијанистот Александар Синчук и флејтистот Aртем Науменко.

 |   | 

Директорката на Националната установа фестивал „Охридско лето“, Наташа Поповиќ, вo недела, на 11 ноември во црквата „Света Софија“  со почеток во 19 часот ќе организира хуманитарен концерт на класична музика со врвните руски уметници пијанистот Александар Синчук и флејтистот Aртем Науменко. Тие ќе изведат дела од Бах, Доплер, Рахмањинов, Алиабиев, Прокофјев, Кларк, како и од други композитори.

Настанот од областа на класичната музика ќе биде бесплатен за посетителите, а на влезот од црквата ќе има кутија за донации, каде што посетителите ќе можат да дадат свој придонес за 15-годишната охриѓанка Сара Настеска на која и’ се неопходни 200 илјади евра за лекување во Германија.

Младиот пијанист Александар Синчук е почесен уметник на Руската федерација и лауреат на многу престижни натпревари по пијано. Неговите настапи денес се одржуваат во најдобрите концертни сали низ светот.  

Флејтистот Артем Науменко е лауреат на голем број интернационални натпревари и добитник на наградата Национален триумф и прогласен за млад победник во областа на литературата и уметноста во 2007 година. Редовно настапува и во Парискиот камерен оркестар, Државниот оркестар на Филхармонијата на Русија, Симфонискиот филхармониски оркестар Саратов и други, а редовно добива покани да настапи како прва флејта во камерниот оркестар „Московски виртуози“.