Skip to main content

Охридскиот народен театар крајот на годината ќе го одбележи со премиера

Сатиричната претстава „Каде е пиштолот“ работена по делото на еден најпознатите унгарски автори Габор Ѓорѓеј, третира една од најактуелните теми во современото живеење, желбата за власт и како да се дојде до истата.

 |   | 

Охридскиот народен театар ја завршува годината со третата и последна планирана тетарска премиера. Стрезо Стаматоски в.д. Директорот на Центарот за култура „Григор прличев“ вели дека станува збор за една своевидна претстава за идеологиите.Стаматоски истакна дека во реализацијата на овој проект покрај тоа што помогнало Министерствоиот за култура, помогнала и Локалната самоуправа.

„На ваше и на мое лично задоволство повоторно имаме престава која за прв пат ќе се изведува во Македонија и за прв пат е преведена на Македонски јазик. Ист беше и принципот и начинот на работа она кое го сакавме да го направивме во претставата „Метод“. Имавме и еден касличен текст, американски, „Стаклена менажерија“ и финализираме со една претстава која практично е претстава за идеологиите“ рече Стрезо Стаматоски в.д. Директорот на Центарот за култура „Григор Прличев“.

Режијата на претставата и беше поверена на младата режисерка Дејана Николовска, на која после „Благородникот“ ова е и второ гостување како режисер во Охридскиот народен театар. Николоска се заблагодари на целокупната екипа која ја реализираше претставата и рече дека финалниот производ е резултат на еден мирен театарски процес. Текстот ја третира вечната тема а тоа е желбата за власт и како да се дојде и остане на власт. А, власта барем во претставата останува во рацете на криминалците.

„Ова е тоа што ми се допаѓа во театар. Кога човекот ја разгледува финалната ситуација. Првичната идеја е дека кругот на власта постојано се движи и таа приказна никогаш не завршува. А тоа што е кај криминалецот е на крај е поради тоа што во нашиов случај криминалецот е тој кој го заклучува кругот. Ни јас ни било од нас немал намера да пласира една таква порака, ама интересно е“, објасни Дејана Николовска – режисер.

Улогата на Цуки или популарно наречен криминалецот е на Горан Стојаноски. Стојаноски вели дека борбата за власт плус криминалот се моментите кои се виновни за де-хуманизација на секое општество.

„Дехуманизација е нешто што е рак рана на нашето општество. Ние поентираме со една порака зошто луѓето не можат да направат компромис. Кои се кнедлите кои треба да ги голтнеме за да можеме сите заедно среќно да живееме. Зошто на крајот на краиштата сите целиме кон една таква добра идеја“ кажа, Горан Стојаноски – актер.

На актерот Никола Тодороски му беше доделена улогата на Милер К. или подлизуркото, лик кој како што вели тој може да го сретнете во реалниот живот како дел од било кој административен апарат.

„Ова е едно извонредно добар пример, една извонредно добра приказна која им овозможува на гледачите да изгледаат во едно саат и четириесеттина минути за тоа што се случува кога некој доаѓа и си оди од власт, зошто власта е тоа што е најбвитно, што би можело биде поважно од тоа, нели?“ потенцира Никола Тодороски -актер.

Унгарскиот писател, драматург, режисер Габор Ѓоргеј бил уредник на бројни литературни списанија во Унгарија, член е на Унгарскиот ПЕН клуб. Бил главен драматург во Националниот унгарски театар. Автор е на преку 30 литературни дела, а со пиесата “Каде е пиштолот?” добива меѓународно реноме. Прептремиерата е закажана за вечерва во 20 часот, додека во исиот термин утре е премиерата на претставата. Режијата е на Дејана Николовска а играат Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Ивица Цонев и Стрезо Стаматовски.