Skip to main content

Координативното тело на кинолошки одгледувачи сметаат дека измените на Предлог законот за заштита и благосостојба на животните се неприфатливи и штетни

Координативното тело на кинолошки одгледувачи, излагачи и одговорни сопственици на расни кучиња како директно засегната страна во дел од предложените законски решенија со Предлог законот за измена и дополнување на Законот за заштита и благосостојба на животните поднесен од група пратеници по иницијатива на здруженијата за заштита на животните, чувствува обврска да истапи и да се произнесе во врска истите.

 |   | 

Координативното тело на кинолошки одгледувачи, излагачи и одговорни сопственици на расни кучиња како директно засегната страна во дел од предложените законски решенија со Предлог законот за измена и дополнување на Законот за заштита и благосостојба на животните поднесен од група пратеници по иницијатива на здруженијата за заштита на животните, чувствува обврска да истапи и да се произнесе во врска истите.

Во соопштението испратено до медиумите стои:

„Сметаме дека дел од предложените законски решенија се неадекватни, неприфатливи и штетни што се однесува до благосостојбата на домашните миленици и расни кучиња како и за македонската кинологија воопшто.“

Имено, во делот на предлог законот со кој се бара интервенција во членот 27 по ставот (1) да се додаде нов став (2) коj гласи: “Сопствениците на кучиња во репродуктивен период се должни да ги кастрираат, односно ојаловат своите кучиња во установите од ставот (1) на овој член,освен оние сопственици што имаат регистрирано одгледувачници на кучиња.Трошоците за овие постапки се на товар на сопствениците на кучињата“ сметаме дека не е одржлив по повеќе основи.

1. Не секој сака и е во можност да биде регистриран одгледувач. Можностите и условите во кои живееме не се соодветни и исти како во другите Европски земји. А истите сопственици на кучиња се знаимаваат со кинологија и самите кучиња се изложбени примероци. Потребно е да знаете дека ојаловени и кастрирани расни кучиња не е дозволено да се пријавуваат на кинолошки манифестации.

2. Воопшто не се спомнати, а веројатно не е ни размислувано во таа насока дека некој веќе има возрасни кучиња, хронично болни, на кои животозагрозувачки би претставувала било каков вид на хируршка интревенција. Истото важи и за уличните кучиња. Дали воопшто се прават контроли пред да се изврши ваква хируршка интервенција.

3. Не е размислувано дека секое куче има различен раст и развој, а со самото тоа и репродуктивен развиток, како и психички развој.

4. Ниту едно куче/маче кое е стерилзирано и кастрирано не е забележано во ниедна база на податоци, ниту во здравствена книшка, ниту во ветеринарните амбуланти. Како се размислува да се спроведе законот односно проверката кај веќе истретираните животни? Знаеме дека кај мажјак е видливо, но кај женка не е.

Најконтраверзно е тврдењето дека неопходноста од интервенција во овој член е со цел да се спречи неконтролираното и неограниченото зголемување на бројот на улични кучиња кои во најголем број потекнуваат од размножување на домашните миленици каде спаѓаат и расните кучиња! Тврдење кое не е точно, бидејки најголемиот дел од бездомните се нерегистрирани улични кучиња кои егзистираат како такви единки на целата територија од градот и државата, и секако мал дел од напуштените домашни миленици, жртви на неодговорно сопствеништво, акт кој е регулиран и секако казнив со постоечкиот закон кој во пракса не се почитува и не се спроведува.
Нашиот став е дека веќе постоечкиот Законот за заштита и благосостојба на животните е сосема коректен и доволен, но не е воопшто имплементиран на терен. Евентуално би требало да се интервенира во делот за неодговорно сопствеништво и напуштање на миленик со зголемување на износот на казните, како и во делот за забрана на борби со кучиња, злоупотреба, мачење, малтретирање, изживување и убивање на животни.

Истовремено апелираме до надлежните институции да извршат проверка на цела територија од државата во врска со спроведувањето на законската обврска за чипирање на милениците и нивно внесување во база на податоци како би се имало увид дали ваквата законска обврска дала резултат бидејки со имплементацијата на истата во случај на проблем многу лесно ќе се детектира причинителот на истиот. И секако не интересира дали се превземени било какви информативни и едукативни активности и во најруралните средини со цел на спроведување на постоечкиот закон за благосостојба на животните.

Доколку се смета дека постоечкиот Законот за заштита и благосостојба на животните треба да се менува и надополнува бараме да бидеме активни учесници во истите со цел на дополнување по неколку точки во измената на законот, за кои сметаме дека воопшто не се остварливи и небулозни а секако се неопходни и дека имаме полно право за учество во евентуалните дискусии и дополнувања бидејќи благосотојбата на животните не е ексклузивно право само на здруженијата за заштита на истите туку грижата за животните и нивната благосотојба е приопритет на сите љубители, сопственици на домашни миленици и кинолози.

И за крај должни сме да објасниме на сите неупатени дека КИНОЛОГИЈАТА е сериозна наука и спорт и дека во Македонија сериозно се работи на промовирање на истата, постојат реномирани одгледувачи како и сопственици – поединци кои нашата земја со успех ја претставуваат надвор од границите на државата и Македонија треба да биде горда на своите европски и светски шампиони на престижните кинолошките манифестации“, наведено е во соопштението испратено до медиумите.