Skip to main content

ДЕЛ ОД ОБЈЕКТИТЕ ОД КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО ВО ОХРИД ДОБИЈА ИНФОРМАТИВНИ ТАБЛИ

Општина Охрид во соработка со НУ Завод и Музеј  – Охрид, како дел од своите програмски активности, изработи информативни табли за објекти кои се означени како културно наследство.

 |   | 

Општина Охрид во соработка со НУ Завод и Музеј – Охрид, како дел од своите програмски активности, изработи информативни табли за објекти кои се означени како културно наследство.

Целта е полесно информирање на бројните посетители за значењето и суштината на знаменитостите, текстот оди во прилог на времето кога објектите биле изградени, гледајќи го објектот и читајќи го текстот посетителите добиваат целосна приказна, што полесно останува во нивната меморија, информираат од локалната.

Таблите согласно Одобрението издадено од Министерство за култура односно од Управа за заштита на културното наследство започнаа да се поставуваат на објектите.

Од вкупно 82 табли кои ќе се постават, во текот на вчерашниот ден беа поставени 12 табли на следните објектите: Куќа на Робевци, Куќа на Христо Узунов, Куќа на Уранија, Куќа на Патчевци, Куќа на Коле Котуше, Куќа на Ламбески, Куќа на Чаулеви, Куќата на Крапче, Куќата на Бојаџиеви, Куќата на Димзови, Управна зграда Завод и Музеј – Радничка школа, Куќа на Банде.

Во наредниот период ќе продолжи поставувањето на останатите табли. Таблите се целосно во насока на афирмација и промоција на Охридската култура и развој на културниот туризам.