Skip to main content

„Итен 24“ и „Упат без термин“ направија проблем во системот на издавање на упати преку „Мој термин“

Новината која стартуваше пред само два дена предизвика револт и кај лекарите и кај пациентите. Матичните обвинуваат дека не можат да функционираат и  многу пациенти останале без здравствена услуга.

 |   | 

Новината која стартуваше пред само два дена предизвика револт и кај лекарите и кај пациентите. Матичните обвинуваат дека не можат да функционираат и многу пациенти останале без здравствена услуга.

Во клиниките специјалистите ги враќаат пациентите бидејќи не можат да им креираат упати за дополнителни дијагностички процедури, додека пациентите реагираат дека поради новото системско решение не можат да добијат соодветен лекарски преглед.

Лекарите реагираат зошто надлежните не ги консултирале и не направиле прво пробно тестирање за креирањето на новите упати. Бараат од Мој термин да работат и трета смена ако треба и да ги решат сите технички пречки кои денеска направиле хаос во здравството.