Skip to main content

Утврден редоследот на единствената листа на кандидати за Градоначалник на општините Охрид, Ново Село и Дебар

Денес во седиштето на Државната изборна комисија се одржа јавна седница на која со ждрепка се утврди редоследот на единствената листа на кандидати за Градоначалник на општините Охрид, Ново Село и Дебар.

 |   | 

Кандидатот за градоначалник на Општина Охрид од редовите на Граѓанско Демократска Унија- ГДУ, г-н Михаил Трендафилов-Нанче, на претстојните локални избори ќе влезе во трката за довербата на охриѓани со бројот 4. Покрај Трендафилов во трката за градоначалник на Охрид уште се и Митре Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ за кој граѓаните ќе може да гласаат заокружувајќи го бројот 5 како и, Константин Георгиески од СДСМ со број 7.

Стевче Стевоски како кандидат на политичката партија Демократи на гласачкото ливче ќе биде под реден број 3 и Џемал Мена од движењето „Беса“ под реден број 6. Изборите за градоначалничката функција беа распишани поради ненадејната смрт на градоначалникот на Oхрид Јован Стојаноски, кој почина на 15 декември минатата година.