Skip to main content

На репертоарот во Центарот за култура овој петок повторно ќе биде изведена претставата „АНАЛФАБЕТ”

На репертоарот во Центарот за култура повторно ќе биде изведена претставата „АНАЛФАБЕТ” – комедија според Бранислав Нушиќ, режија Ѓорѓи Ризески.

 |   | 

На репертоарот во Центарот за култура повторно ќе биде изведена претставата „АНАЛФАБЕТ” – комедија според Бранислав Нушиќ, режија Ѓорѓи Ризески.

Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид, почеток 20.00 часот. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066. *Претставата не е за лица помлади од 14 години и во истата се користат пиротехнички средства.

Играат: Горан Стојаноски – Максим Благадуша
Никола Тодороски – Митре П. Клатипатлак
Стрезо Стаматовски – Румен Вујаклија
Адријана Билаловиќ Тодороска – Магдалена Лапајкоска – Дупева
Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев