Skip to main content

МВР: Мирен изборен ден

До 12 часот Министерството за внатрешни работи нема регистрирано нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција.

 |   | 

До 12 часот Министерството за внатрешни работи нема регистрирано нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција.

„Гласањето се одвива мирно, без проблеми. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните и во преостанатиот дел од денот на мирен и достоинствен начин да го искористат своето гласачко право. Секој обид за нарушување на изборниот процес ќе биде бескомпромисно санкциониран. Но, уште еднаш ќе потенцирам дека до сега, нема ниту едно нарушување на јавниот ред и мир“, рече Ангеловски.