Skip to main content

EK побара од Европскиот Совет да почне веднаш преговори со Северна Македонија и Албанија

Европската комисија побара од Европскиот Совет да почне веднаш преговори со Северна Македонија и Албанија.Сепак, како што рече Хан, и веднаш да почнат преговорите, ќе минат години до следното проширување.

 |   | 

Европската комисија побара од Европскиот Совет да почне веднаш преговори со Северна Македонија и Албанија.Сепак, како што рече Хан, и веднаш да почнат преговорите, ќе минат години до следното проширување.

Со многубројни посочувања на Северна Македонија како земја што направила огромен напредок, Еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан, и потпретседателката на Европската комисија, Федерика Могерини, на прес-конференција во Брисел ги презентираа пред новинарите извештаите за 2019 за напредокот на повеќе земји, меѓу кои и за нашата.

Могерини рече дека земјава направила големи промени, благодарение и на политичките лидери и на граѓаните.

Таа посочи и на Договорот од Преспа и на Договорот со Бугарија, како огромна промена, што ја направила земјава.

– Врз основа на стрикната оценка, оваа година вторпат комисијата дава препорака, тоа се темели на извештајот, двете земји го направија својот дел и сега е време ЕУ да го исполни својот дел, со препорака од Советот за почеток на преговори – рече Могерини.

Таа рече дека пред пет години, кога почнувал мандатот на ЕК, имало многу предизвици што изгледале нерешливи, но благодарение на новите генерации лидери, сега се надминати.

Еврокомесарот Хан, повторувајќи го на прес-конференцијата тоа што го кажа претходно на седницата на Комисијата за надворешна политика во Европскиот парламент, посебно посочувајќи на Договорот од Преспа и на Договорот со Бугарија.

Тој упати апел до земјите-членки да имаа доверба во извештаите, оти се базираат на цврсти факти. Сепак, и веднаш да почнат преговорите, ќе минат години до полно правно членство, рече Хан, посочувајќи на најновата ЕУ-членка, Хрватска, која преговараше осум години.