Skip to main content

Ракометарите на Вaрдар ќе бидат дочекани како што доликува

Променет е терминот на чартер летот што Град Скопје го организира за ракометарите на Вардар.

 |   | 

Променет е терминот на чартер летот што Град Скопје го организира за ракометарите на Вардар.Првичната најава беше дека новите европски шампиони ќе слетаат во Скопје во 16:15 часот, но токму во тоа време тие би требало да полетаат од аеродромот во Келн.

Пристигнувањето во Скопје се очекува околу 18:50 часот, а веднаш потоа играчите ќе се упатат кон плоштадот Македонија, каде ќе биде организирана прославата.

Град Скопје ќе ги награди ракометарите на Вардар со 6 милиони денари за освоената титула во Лигата на шампиони, а дочекот на Плоштад Македонија, организиран во нивна чест ќе чини 2 милиони денари. На денешната седница на Советот на Град Скопје беше додадена дополнителна точка на дневниот ред за одвојување средства од Буџетот на Град Скопје за пречекот на Вардар.