Skip to main content

БАЛКАНСКА 3а/2 повторно во петок на репертоарот на охридскиот театар

„Балканска 3а/2“ е црна комедија во која недостатокот на човечност во човекот е нормална појава, а човековата отуѓеност од современиот свет е секојдневие.

 |   | 

„Балканска 3а/2“ е црна комедија во која недостатокот на човечност во човекот е нормална појава, а човековата отуѓеност од современиот свет е секојдневие. „Балканска 3а/2“ е трилер кој има за цел да ни покаже антиопштествени форми на однесување, кои освен што го изветоперуваат социјалното функционирање на едно општество, го загрозуваат и неговото постоење. „Балканска 3а/2“ е слика на апсурдот на нашето време, а оттаму и комичен приказ на денешното живеење.

режија: Ана Батева
сценографија/костими: Борис Георгиев
музика: Стефан Здравески
играат:
ИЛИЈА – Стрезо Стаматовски
МИРНА – Елизабета Стефановска
АРСЛАН – Филип Кипровски
ПОТСТАНАРОТ – Никола Тодоровски

БАЛКАНСКА 3а/2 од Дејан Дуковски / петок 07.06.2019 година, почеток 20:00 часот, цена 200 денари.

Картите се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид, почеток 20.00 часот. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066.