Skip to main content

Се спушта завесата на педесет и осмиот балкански фестивал на народни песни и игри

Во организација на Националната установа Центар за култура “Григор Прличев”, од  5 -ти до 8 -ми јули, се одржа  Балканскиот фестивал на народни песни и игри, најстарата фолклорна манифестација на Балканот на која се афирмираат културните достоинства на народите.

 |   | 

Програмските придобивки, квалитетот на презентацијата на фолклорниот материјал и можноста тој да биде отворена сцена за кумуникација на културите на народите придонесе овој фестивал да биде застапен во каталогот на ИОВ и ЦИОФФ на најзначајни фолкорни манифестации во светот.

Покровител на Фестивалот е Собранието на Република Северна Македонија. Организирањето на фестивалот е овозможено со материјална помош на Министерството за култура на Република Северна Македонија и пријателите на фестивалот.

На Балканскиот фестивал досега се презентирани илјадници изведувачи и играорци од повеќе континенти, притоа изразувајќи ја својата отвореност кон културните вредности на другите.