Skip to main content

Вечер на „Охридско лето“ трио „Пендерецки“

Вечер на програмата на „Охридско лето“ вистинско музичко доживување за љубителите на класичната музика, звуците на пианото, виолината и виолончелото. Шестиот ден од програмата на годинешното издание на „Охридско лето“ нуди концерт на полското трио „Пендерецки“, составено од уметниците Конрад Сколарски на пијано, Јарослав Наджицки на виолина и Карол Марјановски на виолончело.

 |   | 

Триото „Пендерецки“ е создадено со голем ентузијазам од страна на тројца од најдобрите и најзначајни полски музичари на денешницата. Долги години тие биле блиски со легендарниот композитор Кшиштоф Пендерецки и со неговиот огромен творечки опус.Талентираниот пијанист Конрад Сколарски, виртуозот на виолина Наджицки како и сензационалниот виолончелист Карол Марјановски имаат независна кариера во нивната родна земја и во странство.

Тие се лауреати на бројни интернационални натпревари, и имаат концертни настапи во Европа, Северна и Јужна Америка и Азија. Како солисти и камерни музичари настапувале во познати концертни сали како Аудиториумот во Мадрид, „Вигмор хол“, „Кадоган хол“ и „Мењухин хол“ во Лондон, „Музиквераин“ во Виена, „Бозар“ во Брисел, Фрик колекцијата во Њујорк, уникатниот „Полак“ хол во Монтреал, големата сала на Варшавската филхармонија, Големата сала на Московскиот конзерваториум, концертната сала „Арам Хачатуријан“ во Eреван, „Атенеум“ во Букурешт. Добитници се на наградата „Суперсоник“ која ја доделува германското музичко списание „Пицикато“, наградени се со дури пет „Златни дијапазони“ од страна на француското списание „Дијапазон“, а неколку пати се номинирани за полската награда „Фредерик“.

Концертот ќе се одржи во несекојдневната акустика на катедралната црква „Света Софија“, со почеток од 21 часот.