Skip to main content

Руска ноќ на пијаното на „Охридско лето“

Вечер на програмата на фестивлот „Охридско лето“, пијано концерт на пијанистката Виолета Егорова од Русија. 

 |   | 

Родена во Краснобар, Виолета Егорова започнала да свири пијано на четири годишна возраст, дебитирајќи со целовечерен рецитал кога имала 12 години. Образованието го почнува во Централното училиште за талентирани деца во Москва, а продолжува на Московскиот конзерваториум „П.И.Чајковски“ под менторство на прочуениот Лев Наумов.Виолета Егорова е лауреат на повеќе интернационални натпревари меѓу кои „Алесандро Казагранде“ во Терни, Италија, „Џина Бахауер“ во Солт Лејк Сити, „Џан Батиста Виоти“ во Верчели во Италија и др.

Настапува во некои од најпознатите концертни сали во САД, Европа, Турција, Египет, Русија, Јапонија и Кина. Често како солист настапува со реномирани оркестри од целиот свет. На фестивалските сцени настапува во Сполето, Истанбул, на „Етна фест“ во Италија, на Фестивалот посветен на Рахмањинов во Украина, како и на Московските фестивали „Божиќ во Кремлин“, „Музика на 20 век“, „Руска зима“ и други. Виолета Егорова предава пијано на Академијата „Рахмањинов“ во Катанија, каде е претседател и основач на интернационалната награда „Сергеј Рахмањинов“. Уметнички директор е на Интернационалниот фестивал „Концертфест“ во Москва и е активен член на Интернационалната Академија за информатизација која има консултативен статус при Обединетите нации од 1995 година.