Skip to main content

Започна вториот циклус обуки за раководители на училиштата, во Охрид и Штип, како дел од програмата „Училишта на 21-от век“

Оваа програма ја спроведува  Британскиот совет, а е финансирана од Владата на Велика Британија. На 21ви август следува обуката за наставници.

 |   | 

Оваа програма ја спроведува Британскиот совет, а е финансирана од Владата на Велика Британија. На 21ви август следува обуката за наставници.

„Училишта на 21-от век“ е програма вредна 10 милиони фунти и ќе опфати 380 наставници во 63 училишта од во наредните неколку месеци. 2.000 микро бит уреди кои се користат за кодирање, ќе бидат донирани во основните училиштата во Охрид, Струга, Кичево, Дебар, Штип, Пробиштип, Виница, Свети Николе, Кочани и Скопје.

Овие микро бит уреди ќе им помогнат на младите луѓе да научат нови дигитални и програмерски вештини на забавен и интерактивен начин. Спроведувана во партнерство со релевантни образовни институции во секоја земја од Западен Балкан, програмата има за цел да им овозможи на учениците на возраст од 10-15 години да стекнат вештини за критичко размислување и решавање проблеми, како и стекнување вештини за програмирање кои ќе имаат можност да ги практикуваат преку физички компјутери. Оваа програма ќе опфати повеќе од еден милион деца во Западен Балкан во следните три години.

Да се учат децата на вештините потребни во 21-от век значи да се инвестира во нивната иднина, а со тоа и во иднината на економиите на Западен Балкан, велат од Британскиот совет.