Skip to main content

Десет години од првото видео на YouTube

Пред  10 години соосновачот на YouTube, Jawed Karim го направи првиот чекор

 |  инфодеск  | 

Jawed Karim на 23 април 2005 година стана првиот човек кој објави свој видео запис на YouTube, а неговото кратко забележување на сурлата од слонот го направи култно видео со скоро 20 милиони прегледувања. Видеото го снимил неговиот пријател Yakov Lapitsky во зоолошката градина во Сан Диего, а секако вреди да се додаде и тоа дека меѓу легендите на таа платформа се запиша и корисникот Cobaltgruv, кој под видеото го оставил првиот коментар кој гласи “интересно”.

Зборувајќи за занимливостите, YouTube од тогаш до денес дефинитивно на светот му даде нова димензија на конзумирање на медиуми, а нивните бројки денес се фрапантни.

-YouTube денес го користат повеќе од една милијарда луѓе.

-Проценето е дека YouTube во 2014 година заработил преку 4 милијарди долари.

-На дневна основа YouTube има преку 4 милијарда прегледувања.

-На месечна основа на YouTube луѓето прегледуваат преку 6 милијарди часа.

-На YouTube секоја минута се објавуваат нови 300 часа материјал.

{loadposition content9}