Skip to main content

Историски момент за фудбалот во Белгија

115 години чекање за вакво лудило во третиот град по големина во Белгија

 |  инфодеск  | 

Граѓаните на третиот град по големина во Белгија, Гент, ова го чекаа дури 115 години кога во 1900 година е основан овој фудбалски клуб.

На едно коло пред крајот на свој терен го совладаа Стандард од Лиеж со 2-0 со што станаа недостижни за своите главни конкуренти Бриж и Андерлехт и го освоија насловот првак на Белгија по прв пат во историјата. Ghelamco арената експлодира откако судијата го означи последниот свиреж, а 20 илјади навивачи се веселеа со химната на Лигата на шампиони.

Звучи малку неверојатно, клуб од третиот по големина град во Белгија по прв пат по 115 години да добие првак на државата. Пред пет години, како и пред 60 години, беа втори, со три освоени купа, и тоа беа најголемите дострели на клубот сѐ до вчера.

Со 13 погодоци најдобар стрелец оваа сезона е Laurent Depoitre белгиски напаѓач на кој ова му беше прва сезона во синиот дрес на Гент. Важна алка во тимот на Hein Vanhaezbrouck беше и швајцарецот со босански корени Даниел Миличевиќ кој игра на местото среден напаѓач и кој постигна 9 погодоци во 33 настапи.

Така, Гент во идната сезона ќе дебитира во Лигата на шампиони на убавата Ghelamco арена на која ќе се пее познатата химна на ова елитно натпреварување.