Skip to main content

За Нејмар Копа Америка е завршена?

Драстична казна за најдобриот Бразилец

 |  инфодеск  | 

Нејмар долго ќе ја памети Колумбија која го чинеше полуфинале на Светското првенство минатата година, а ќе го чини и оваа на Копа Америка.
Имено, тој доби парична казна од 10.000 долари и четири натпревари неиграње за националниот тим поради црвениот картон против Колумбија.
И додека за последниот чин е виновен самиот тој, за онаа повреда на грбот на Светското првенство не е. Секако дека самиот Бразилец, неговите соиграчи и навивачи нема да ја признаат вината и сметаат дека противничките играчи и судијата константно го провоцирале, а тој на крајот “пукнал” и го доби црвениот картон во 90 минута од натпреварот.
Црвен картон доби и Карлос Бака со кој Нејмар се туркаше, но нему му е доделена казна од 5.000 долари и два натпревари неиграње за националниот тим.
Разликата во оваа приказна е тоа дека Колумбијците немаат право на жалба, а Бразилците имаат и веќе е во припрема бидејќи не сакаат да останат без Нејмар до крајот на првенството.