Skip to main content

Италија ја тресат нови фудбалски скандали

Италијанската полиција апси за местење натпревари во изминатата сезона

 |  инфодеск  | 

Италијанската полиција ги стави во домашен притвор претседателот на второлигашот Катанија и уште шестмина други под сомнение дека учествувале во местење натпревари во минатата сезона, пренесува италијанската агенција Ansa.
Обвинителството ги терети претседателот на Катанија, Антонио Пулвиренти, потпретседателот Пабло Косентино, поранешниот спортски директор Даниеле дел Кари, некои менаџери на играчи и сопственици на обложувалници дека нуделе пари на своите ривали за во завршните кола од сезоната да го сочуваат статусот прволигаш односно останување во првата лига на Италија.
“Тажна е оваа вест бидејќи секој ден се бориме за реномето на нашата организација. Се надевам дека оваа работа брзо ќе биде разрешена”, рекол Андреа Абоди, претседателот на Серија Б.