Skip to main content

Рекорден раст на приходите на најсилните фудбалски лиги во Европа

Трета година по ред клубовите од лигата на петорката со рекорден раст на приходите

 |  инфодеск  | 

Европскиот фудбалски пазар во сезоната 2013/14 премина 20 милијарди евра приход, благодарение на растот на приходите на клубовите од најсилните пет лиги во Европа (Англија, Франција, Германија, Шпанија и Италија), се наведува во “Годишниот преглед на финансии во фудбалот во 2015 година” на Deloitte.
“Трета година по ред клубовите од лигите на петорката бележат раст на приходите, а фудбалот во “живо” и понатаму останува содржина под број еден за сопствениците на правата за емитување, кои се спремни и понатаму да ги плаќаат правата кон клубовите за преноси на нивните натпревари”, истакнува Dan Jones, партнер во одделот на Deloitte за анализа на спортско работење.
Премиер лигата го зголемила приходот за 29% и така се зацврсти на првото место со вкупен приход од 3,9 милијарди евра. Приходот од правата за преноси се зголемил за 48%, а новите договори за правата на преноси и донесоа на Премиер лигата преку три четвртини раст на приходите.
Осма година по ред Бундес лигата отстварува раст, а оваа сезона од 13% и достигна 2,3 милијарди евра, што го осигура нејзиното второ место на оваа листа. Новиот сет за правата на преноси за првата и втората Бундес лига вкупно изнесува преку 50% повеќе во однос на претходните договори.
Клубовите на шпанската Примера отствариле раст на приходите од 3% и достигнаа 1,9 милијарди евра во сезоната 2013/14, а за тој раст се заслужни двата мадридски клубови Реал и Атлетико, додека вкупните приходи од другите 18 клубови се помали од претходната година.
Незначителен раст од 1% има италијанската Сериа А и отстварени 1,7 милијарди евра во 2013/14. Ова е уште еден доказ дека италијанските клубови и понатаму се потпираат на приходите од правата за преноси кои во сезоната 2013/14 чинеа 59% од збирниот приход во лигата.
Вкупниот приход во француската прва лига се зголемил за 15% и достигна 1,5 милијарди евра во сезоната 2013/14, на чело со ПСЖ чиј раст е 75 милиони евра.
“Правилата на УЕФА за финансискиот фер-плеј, заедно со мерките за контрола на трошоците, допринесе клубовите да управуваат коректно со односот на своите приходи и расходи. Во изминатите две сезони само 31% од приходите на најголемите пет лиги се потрошени на плати, додека за истиот период порано се трошеле 61%”, рекол вишиот консултант во одделот за анализа на Deloitte Adam Bull.