Skip to main content

Чиле е првиот финалист на Копа Америка

Домаќинот добива прилика да биде шампион за прв пат

 |  инфодеск  | 

Јунак на двобојот беше Едуардо Варгас кој со два погодоци, од кој едниот ќе биде во конкуренција за најдобар на годината, ги внесе Чилеанците во финале, по прв пат по 28 години. Иако настапува уште од 1916 година, Чиле ќе се обиде да го освои првиот наслов на Копа Америка.

Перу беше рамноправна екипа, дури еднаш ја погоди и стативата во првите 20 минути. Но, тогаш Карлос Замбрано поради невнимателен старт доби втор жолт картон односно црвен, а потоа Чиле започна да ја плете мрежата околу перуанскиот гол, а тоа се исплатеше во 42 минута кога Варгас по одбиената топка од стативата ја испрати во небранетиот дел од мрежата од непосредна близина.

Резултатот не се менуваше до 60 минута кога едно нафрлување од десната страна во сопствената мрежа ја испрати Гери Медел и резултатот беше израмнет. Но, за среќа на Медел во помош пристигна повторно Варгас и со феноменален гол ја врати предноста на страната на Чиле. Ова се случи само 4 минути по израмнувањето, а Варгас шутираше од 27 метри од десно во спротивната страна од голот, а тоа беше и конечниот резултат 2-1 за Чиленаците.

Чиле во финалето ќе го чека подобриот од вториот полуфинален меч помеѓу Аргентина и Парагвај, кој на распоредот е ноќта помеѓу вторник и среда.