Skip to main content

Валканите тајни во тенисот се појавуваат на површината

Guardian  објави докази за илегални обложувања

 |  инфодеск  | 

Аферата околу местењата во врвниот тенис добива ново поглавје откако во понеделникот Guardian објави докази дека Меѓународната тениска федерација (ITF) во тајност казнувала судии за илегално обложување.

Guardian наведува дека “меѓу суспендираните е и хрватскиот судија Denis Pinter кој во август е отстранет на 12 месеци откако ITF открила дека редовно уплатувал тениски мечеви на сметка на една обложувалница.

Со хрватскиот судија се споменува само уште едно име, а тоа е Казахстанецот Кирил Парфенов. Меѓу казнетите има и судии кои се обиделе да влијаат на исходот на мечевите. Меѓу нив, наведува англискиот весник, се судии од Казахстан, Турција и Украина.

Истрагата на Guardian го подигна нивото на загриженост околу местењето, а открила и скандалозен недостаток на транспарентност во ITF.

Guardian му зел ијава на Richard Ings, поранешен професионален судија кој некогаш работел во судискиот одбор на ATP.

“За време на 15 годишната кариера учествував во професионалниот тенис и како судија и како делегат на ATP. Во тој период видов како тениски судии прават релативно мали прекршоци, но никогаш не видов дека судиите ги кршат правилата на тенискиот интегритет кои се однесуваат на обложувањето во спортот. Тоа е многу вознемирувачко, но  не е изненадувачко бидејќи е загрозен интегритетот на тенисот со обложувањето кое е распространето меѓу играчите и нивните следачи, а сега ги вклучи и судиите и останатите службеници на турнирите”, објаснил Ings.