Skip to main content

„Гладијаторите“ обезбедија учество во завршницата за Купот на Македонија

Охридските ракометари обезбедија место во завршницата од Купот на Македонија откако викендов во спортско-рекреативниот центар „Биљанини извори“ триумфираа во финалниот натпревар од четвртфиналната група за Купот на Македонија.

 |  Голабовски Крсте  | 
rakomet

Охридските ракометари обезбедија место во завршницата од Купот на Македонија откако викендов во спортско-рекреативниот центар „Биљанини извори“ триумфираа во финалниот натпревар од четвртфиналната група за Купот на Македонија. Во натпреварот „Гладијаторите“ ја совладаа екипата на Прилеп со 35-32, а претходно славеа против екипата на Тинекс Пролет.

Ракометарите на Охрид обезбедија учество на завршницата во Купот на Македонија, победувајќи го Прилеп 35-32 (16-13) во финалето од четвртфиналната група, која се разигруваше во „Билјанини Извори“. Тешко заработена беша оваа победа која е од големо значење за охридските ракометари, бидејќи противникот и тоа како го искористи уморот на Гладијаторите по натпреварите со Тинекс Пролет и претходните два од плејофот во Супер лигата.

rakometПа така домаќините добро го започнаа натпреварот со водство од 4-1 , но прилепските ракометари веднаш возвратија и за само десет минути игра резултатот беше 6:4. 
Борбата продолжи со страшно темпо па така Охрид, со  серија од пет погодоци стигна до нова предност од 9-7. 
Со игра „гол за гол“ ракометарите на Охрид ја задржаа предноста и на одмор заминаа со плус три (16-13). 

И вториот дел од натпреварот, „гладијаторите“ го започнаа со офанзивно што им донесе и највиоски пет гола предност. Но поради серијата грешки на охридските ракометари, прилепчани се вратија во игра во последната четвртина од натпреварот. Сепак, најдоброто домашните ракометари го оставија на крај и со троен цепелин ставија печат на ноќта за паметење во охридската арена.Трајковски со 13 интервенции, Павловиќ со 8 гола и Кежиќ и Стојановиќ со по 6 гола беа најзаслужни во таборот на Горан Андоноски. Кај Прилеп се истакнаа Бозароски и Петкоски со по 6 гола. По Металург и Вардар Јуниор, Охрид е третиот четвртфиналист на Купот на Македонија за мажи.