Skip to main content

Поранешната ѕвезда на Барселона под закана од 10 години затвор

Државниот обвинител за 35 годишниот фудбалер бара затворска казна од 10 години

 |  инфодеск  | 

Поранешниот напаѓач на Барселона, Самуел Ето, е најновото име кое се споменува во даночниот скандал во Шпанија.

Имено, камерунскиот напаѓач е обвинет дека го измамил даночниот систем на Шпанија за 3,5 милиони евра во периодот од 2006 до 2009 година. Шпанскиот El Pais пренесува дека државниот обвинител за 35 годишниот фудбалер, кој моментално игра во турскиот Анталијаспор, бара затворска казна од 10 години.

Исто така, се наведува дека еден од предлозите е дека Ето би можел да плати казна од 14 милиони евра кој се однесува на четири различни точки од затајување на данок.

Ѕвездите на Барселона Лионел Меси и Ксавиер Маскерано веќе се прогласени за виновни за затајување на данок. Двајцата играчи избегнаа казни затвор, но мораа да платат глоба. Со слични обвиненија се соочи и ѕвездата на Арсенал Алексис Санчез, кој исто така го очекува неизвесен период.

Ето за прв пат беше поврзан во даночна афера минатата година поради проблем со приходите од неговиот спонзор Пума.