Skip to main content

Струшките таксисти станаа примерни

Жолтата-окер боја доминира кај струшките такси превозници. Таксистите  почнаа да бидат дисциплинирани, ги почитуваат правилата кои им ги наметнува Локлната самоуправа.

 |  Билјана Ќосеска  | 
taksi vozilo
taksi vozilo
Речиси сите такси превозници кои поседуваат лиценца за вршење на такси превоз, се придржуваат на правилата кои им ги дикрира Општина Струга. Бojaдисувањето  на возилата во жолта-окер боја, беше горливиот проблем  кој ги засегнуваше таксистите и  истиот не го прфаќаа.

По подолг период, надлежните успеаа  да воспостават ред и да ги натераат сопствениците на такси возилата да ги бојадисаа во жолта боја. Сите оние кои сакаат сериозно да се занимаваат со такси превоз, покрај другото,  мора да го почитуваат и овој услов кој е приоритетен, вели секретарот на о.Струга.

„Сите кои сакаат во иднина да вршат такси превоз, треба прво да ја почитуваат одлуката на Совњетот на општина Струга, односно воилата да се бојадисаат во жолта окер боја“- истакна Зоран Гулицоски, секретар на о.Струга.

taksi voziloИнспекциските служби при локлната самоуправа успеаја од  поголем број  такси превозниците да наплатат средства за лиценцата која ја поседуваат. Во моментов остана уште последната рата а дел од превозниците веќе го имаат подмирено долгот кон општина Струга, кажува Гулицоски. Тој потенцира дека во градот, полека се решава и проблемот со дивите такси превозници.

„Според моите сознанија од инспекторите тие имаат поднесено безброј пријави против таксистите кои не се придржуваат кон правилата. Веруваме дека со тоа ќе се стави крај на нелегалните превозници“- Зоран Гулицоски, секретар на о.Струга.

Тој потенцира дека инспекциските служби и понатаму ќе работаат со исто темпо. Веруваме дека за скоро време ќе ги решиме проблемите кои ги создаваат такси и линиските превозници.