Skip to main content

Струшките угостители, немаат платено надоместок

Комуналните инспектори велат дека ќе бидат приморани присилно да наплаќаат.

 |  Билјана Ќосеска  | 
stolici kej
stolici kej
Угостителите кои летово го користеја кејот на реката Црн Дрим, немаат платен надоместок за тоа. Ова се однесува на само еден дел од сопствениците, велат комуналните инспектори.

Маси и столчиња имаше речиси по целиот кеј на дримот, истите беа поставени легално,  со зелено светло од советниците, но и на таков начин требаа угостителите да си ја подмират својата обврска, истакна  инспекторт Агни Даути.  Во одлуката се предвидува на долните кејови да се плаќа надоместок од 500 денари по метар квадратен додека на горните, 360 денари. Овие средства ќе бидеме приморани насилно да го наплатиме, вели инспекторот.

struska carsija„По барање на градоначалникот Рамиз Мерко, законски ќе им пуштиме на угостителите опомена за да го платат долгот или во спротивно ќе им ја блокираме жиро-сметката“-вели Агни Даути, комунален инспектор.

Со овој начин на наплата, сопствениците на угостителските објекти ќе се изложени на дополнителен трошок. Од денот на блокитрањето на жиро-сметката, каматата расте за 3 насто од денот кога е пуштено решението или опомената, кажува Даути.

За оваа проблематика ќе се дискутира и советниците на следната седница на совет. Штом тие го одобрат овој начин на наплата, надлежните веднаш ќе превземат мерки.