Skip to main content

Негрижа за спомениците

Оставен на забот на времето, пропаѓа споменикот на револуцијата во Струга. Засега нема пари за негова обнова се правдаат од Локланата самоуправа.

 |  Николоска Биљана  | 
spomenik
споменик

Пропаѓа споменикот на револуцијата во Струга. Малку остана од она што значи спомен и почит кон паднатите борци од НОБ. Надлежните ова место го запоставиле и малку водат грижа за да се зачува вредното, велат стружани. Додаваат дека секој ќош во општината има свое значење.

spomenik plato„Треба да се води повеќе грижа за историските споменици. Во Струга се е од голема важност и треба тоа да се негува“

Денес тука пред споменикот на револуцијата може да се забележи дека човечката рака само го доуништува она што забот на времето веќе одамна го прави. Искршени скалила, откорнати столови, а каналите за собирање на атмосферска вода преполни со отпадоци. Фонтаната е исполнета со валкана вода по која пливаат отпадоци , пластични шишиња и друга амбалажа. Доколку поминете дење внимавајте, може да се сопнете и паднете, бидејќи насекаде има  остатоци од искршени и расфрлани парчиња на плочки. А доколку наминете ноќе, многу лесно може да завршите во дупките од каналите кои зјаат отсекаде. Меморијалните споменици како што е споменикот на револуцијата во Струга, музеологијата ги нема валоризирано, вели директорот на НУ „Др Никола Незлобински“, Сашо Цветкоски. Тој појаснува дека грижата за него е на Локалната самоуправа но и на Сојузот на борците и нивните продолжувачи.

cvetkoski„Кога е граден овој споменик тој е од иницијатива, со тогашни самодоприноси и буџет на општина Струга и најповикана за грижата на овој споменик е општината. Тоа не е споменик како споменик, ако внимателно се погледен тоа е една замислена целина за одбележување на настани, таа целина е разбиена затоа што одреден дел е пренаменет за други активности и споменикот е оставен на забот на времето и ние како музејска установа немаме ингеренции во таа сфера“.

Локалната во моментов нема средства за санација на просторот на овој монумент, кажа секретарот на општина Струга, Зоран Гулицоски во телефонски разговор. Додаде, дека ќе направат напори до крајот на годинава да почнат од некаде, со промена на плочките. Но Гулицоски тврди дека тоа место нема да претрпи никаква пренамена и дека споменикот на револуцијата останува. Инаку меморијалниот споменик сместен е во срцето на градот, во непосредна близина на зградата на Локалната и секојдневно им е на очевид на градските избраници. Да не заборавиме дека Струга е и туристичко место па негрижата за споменикот е изложување на нашиот срам пред гостите.

{loadposition content9}