Skip to main content

Во Струга, четири пациенти прво се откажале а потоа го пролонгирале примањето на вакцината HPV

Тоа го направиле по  консултација со матичен доктор. Од „Превентива“ појаснуваат дека станува збор за недоволна информираност.

 |  Билјана Ќосеска  | 
rak na matka
rak na matka
Тоа го направиле по  консултација со матичен доктор. Од „Превентива“ појаснуваат дека станува збор за недоволна информираност.

Четири девојциња се откажале од примање на вакцината  против хуман папилома вирусот во гинеколошката оргинација „Превентива“. Тие  претходно закажале во ординацијата и биле запишани на листата за чекање, но потоа го пролонгирале датумот. Четирите пациентки така постапиле по  консултацијата со своите матични лекари,  за тоа колку вакцината  е од корист или штета за девојчињата. Матичните лекари ги советувале дека вакцината против Хуман Папилома вирусот не е проверена и   сеуште не се знае кои би биле нејзините последици.

„Јас прво ја вакцинирав мојата 13 годишна ќерка. Секој може да провери на интернет што значи вакцоинирањето против ХПВ. Треба да и веруваме на Владата на Р.Македонија и светската здравствена ординација„ -вели Д-р Флора Доко Љумани од „Превентива“

ginekoloska ordinacijaЗа речиси цела седмица, во „Превентива се пријавиле 130 пациенти. Од нив, вакцината против Хуман папилома вирусот ја примале само 50 . Д-р Љумани потенцира дека на листата, закажани термини за примање на вакцината има и девојчиња над 15 години. Бидејќи интересот е многу голем, таа кажува дека од министерството за здравство и било ветено дека за  скоро време ќе и бидат пратени уште 180 вакцини. По информирањето во јавноста дека оваа приватна ординација е дел од проектот на владата, кај граѓаните се јави љубопитност зошто баш од Струга е избрана   приватната ординација „Превентива“. Д-р Љумани кажува дека сите услови кои се барале на тендерот соодејствувале да оние кои ги располага „Превентива“. Ординацијата е одвоена од просторот каде се вакцинира, имаме фрижидер соодветен за чување на вакцините и деругите неопходни работи, кажува Љумани.

Инаку Владата на Р.Макеоднија пред неколку дена ја зголеми  старосната граница за бесплатно примање на вакцината. Сега против ХПВ ќе можат да се вакцинираат девојчињата и жени до 26 години.