Skip to main content

Делфина турс ќе ја гради автобуската станица во Охрид

Охрид, најголемиот туристички центар во државава, после долги години најави и ветувања, конечно ќе добие современа автобуска станица. За околу 700 илјади евра денеска на електронска аукција беше продадено градежното земјиште на кое ќе се гради новата автобуска станица. На локацијата на постојната привремена станица, приватен инвеститор од Скопје во рок од 4 години ќе треба да изгради нова зграда со автобуски терминал.

 |   | 
Avtobuska Ohrid
Avtobuska Ohrid

plan parcelaСкопската фирма Делфина Турс дооел, единствен понудувач на денешната електронска аукција за продажба на градежната парцела на која ќе се гради новата автобуска станица во Охрид. Почетна цена за градежното земјиште во сопственот на Р. Македонија беше 3170 ден/м2 а крајната цена која беше постигната на наддавањето е 3487ден/м2. Делфина Турс за градежната површина од 11 997 м2 ќе треба да плати 41 833 539 денари или 685 795 евра.  На потегот опфатен со улиците 15 Корпус и Кленоец предвидена е инфраструктурна градба за комерцијални и деловни намени. Според деталниот урбанистички план, 70% од површината на идниот објект ќе биде наменета за автобускиот терминал, додека 30% се предвидени за компатибилни класи на намена.Вкупната површина на охридската автобуска станица ќе изнесува 58.367 метри квадратни. Објектот ќе има 6 катови, или П+4+Пк со максимално дозволена висина до венец од 17 метри.

Најповолниот понудувач е должен во следните 15 дена да ги уплати средствата согласно постигнатата крајна цена од наддавањето. По извршената уплата во утврдениот рок и доставувањето на целокупната документација потребна за учество на јавното наддавање Градоначалникот на општина Охрид склучува договор со најповолниот понудувач за отуѓување на градежното земјиште сопственост на Република Македонија.

Avtobuska Ohrid

 

Со договорот купувачот се обврзува во рок од 12 (дванаесет) месеци да обезбеди одобрение за градба, а во рок од 4 години да ги изгради објектите согласно урбанистички план по кој земјиштето е отуѓено. Реализацијата на долгонајавуваната автобуска станица во Охрид ќе го реши проблемот со субстандардните услови на функционирање на постоечкиот објект на претпријатието „Галеб“, кој всушност се состои од привремени монтажни градби.

Одлуката за изградба на автобуска станица по пат на отуѓување на градежно земјиште ја донесе мнозинството во градскиот совет на седница одржана во октомври минатата година. На ист начин општината ќе гради уште два капитални објекти, дом за стари лица и катна гаража. Советниците од опозицијата тогаш нагласија дека не се против изградба на овие капитални проекти кои се од суштинско значење за градот, туку на начинот на кој тоа се прави, односно со продажба на земјиштето и изрази сомнеж дали на нив приватникот ќе ги изгради предвидените објекти.

{loadposition content9}