Skip to main content

Алфа Медика Плус, се прошири

Стручноста и љубезниот однос на медицинскиот персонал во Алфа Медика Плус, рецепт за успех. Оваа ординација по општа медицина во Струга деновиве се прошири, односно отвори своја биохемиска лабораторија која во многу ќе им заштеди време, не само на своите пациенти туку и на сите останати кои имаат потреба од лабараториски анализи. Работат со современа технологија односно апаратура која за еден час обработува 240 анализи.

 |  Николоска Биљана  | 

Алфа Медика плус се проширува. Поради недостиг на биохемиски лабаратории на подрачјето на општина Струга, менаџерскиот тим на овaa медицинска куќа, одлучило да отворат и своја лабараторија. Др Соња Милеска вели дека почнале со една екипа од матичен доктор и сестра за да сега прераснат во еден поголем тим, кој на пациентите ќе им стои на располагање во две смени. Полека но сигурно стануваме една мала дијагностичка клиника која излегува во пресрет на барањата на пациентите кои од ден на ден се се побројни, додава Милеска.

„Во нашата ординација има пациенти од 0 до 100 години и во зависност од возраста на пациентите следува капитациски бод. Така да не може да се каже колку пациенти треба да има за да сврземе крај со крај или да земаме голема плата, како и да е ние сме задоволни, се гледа и по тоа што се проширивме. Се надевам дека и самата лабораторија ќе привлече голем број пациенти за да може да работиме уште подобро“ – вели д-р Милеска.

Отварањето на биохемиската лабораторија е посебна придобивка за струшкиот регион, посебно поради недостиг на вакви лабаратории, вели Ѓорги Дуданов, дипломиран биохемичар. Тој нагласи дека пациентите полесно и побрзо ќе дојдат до потребните испитувања и определени анализи кои се потребни за понатамошни иследувања и докторска терапија.

„Ние овде конкретно работиме со стандардни материјали крв и урина. Од крв правиме комплетна крвна слика, биохемиски анализи и седиментација, исто така ја испитуваме и урината. Се работи за најсовремени апарати кои се брзи прецизни и точни и конкретно за автоматскиот аналајзер некаде 240 анализи ги дава за еден саат. Точноста на резултатите ја вршиме на две нивоа на интерно и екстерно во соработка со Европска референтна лабараторија“ – нагласи Дуданов.

Крвна слика во  Алфа Медика Плус се добива за 5 минути, додека пак цела медикаментозна терапија се препишува исклучиво по претходно извршен преглед од доктор. Во оваа ординација тешко се случува доктор да препише лекарство по сугестија на пациент кој претходно на интернет ги препознал симптомите на болеста и на докторот му кажува со кое лекарство треба да се лекува, тврдат од оваа ординација. Засега во Алфа Медика Плус не соработуваат со Фондот за здравствено осигурвање но за брзо време ќе биде потпишан тој договор. Како што нагласи Дуданов, цената на нивните услуги е приближна со фондовската цена само што кај нив се одбегнуваат редиците и времето на чекање за анализа е значително пократко.

{loadposition content9}